20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите против Унгарија, Британија и Луксембург во квалификациите

Кошаркарите против Унгарија, Британија и Луксембург во квалификациите

kosarkari mkd

Кошаркарската репрезентација на Македонија, на жрепката која денеска се одржа во Минхен, ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017-та година. Македонија која на жрепката беше носител, за противници во Г групата ги доби Унгарија, Велика Британија и Луксембург.

Квалификациите за пласман на ЕП ќе се играат од 31-ви август до 17-ти септември, ќе учествуваат 27 репрезентации, кои се поделени во седум групи. Во шест групи партиципираат по четири репрезентации, додека една е составена од три селекции.

Пласман на ЕП во 2017-та година ќе изборат победниците на групите и уште четири најдобри второпласирани репрезентации.

За континенталното првенство во 2017-та година веќе се познати 13 земји-учеснички, тоа се домаќините Финска, Романија, Израел, Турција, потоа првакот и вицепрвакот Шпанија и Литванија и селекциите кои ќе учествуваат во олимписките квалификации: Србија, Франција, Грција, Италија, Летонија, Хрватска и Чешка.

Група А: Белгија, Исланд, Швајцарија, Кипар

Група Б: Германија, Холандија, Австрија, Данска

Група Ц: Русија, БиХ, Шведска

Група Д: Полска, Естонија, Белорусија, Португалија

Група Е: Словенија, Украина, Бугарија, Косово

Група Ф: Грузија, Црна Гора, Словачка, Албанија

Група Г: Македонија, Унгарија, Велика Британија, Луксембург

Во Минхен беа извлечени и групите за Европските првенство во младинските категории, А, Б и Ц дивизија. Ова лето на континеталните првенства ќе учествуваат неколку македонски репрезентации во машка и женска конкуренција.

Машката репрезентација, играчи до 16 години, на Европското првенство, Б дивизија, кое од 11-ти до 20-ти август ќе се одржи во Софија, ќе игра во Б групата против врсниците од Ирска, Израел, Унгарија, Шкотска и Англија.

Македонија од 27-ми јули до 7-ми август ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 18 години. Натпреварите ќе се играат во Скопје, а турнирот Македонија ќе го започне во А групата, во која за противници ќе ги има Полска, Унгарија, Бугарија, Ирска и Кипар.

Селекцијата до 20 години, во периодот од 15-ти до 24-ти јули, ќе игра на ЕП во Халкида, Грција. Македонија во А групата за противници ги доби Португалија, Црна Гора, Ерменија и Грузија.

Кошаркарските репрезентативки до 16 години од 5-ти до 14-ти август ќе учествуваат на Европското првенство, Б дивизија, кое ќе се одржи во Орадеа, Романија. Македонија е сместена во Д групата заедно со селекциите на Полска, Белгија, Романија и Норвешка.

Летово и кошаркарките до 18 години ќе учествуваат на Европското првенство, Б дивизија, кое од 23-ти до 31-ти јули ќе се одржи во Сараево, БиХ. Македонските кошаркарки ќе играта во Ц групата, во конкурнција на Грција, Англија, Естонија и Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП