4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMINI го претстави првиот Clubman со 4х4 (фото)

MINI го претстави првиот Clubman со 4х4 (фото)

4x4 clubman

Прикажана на крајот на 2015-та година, новата генерација на „MINI Clubman“ ќе добие систем за погон на четири тркала. Тој работи на ист принцип како оној на компактниот „BMW Series 2 Active Tourer“, соопштија од компанијата.

Во повеќето ситуации за време на движење, моторот на „Clubman“ го пренесува вртежниот момент на предните тркала. По потреба моќта се пренесува кон задната оска преку системот „Haldex“ од петтата генерација.

4x4 clubman1

Кај „BMW Series 2 Active Tourer“ технологијата работи на идентичен начин, но има една голема разлика и таа е токму во спојката, доведена на „Clubman“ и на кросоверот „MINI Countryman“. Кај нив е поставен и дополнителен електромагнетен уред „GKN“.

Освен тоа „Clubman ALL4“ добил и електронски блокатор на предниот диференцијал. Кај него системот користи за сопирање механизми за забавување на движењето на едно од тркалата, што овозможува повеќе самоуверено поминување низ завоите.

4x4 clubman2

Технологијата „ALL4“ ќе биде понудена за две од модификациите на „Clubman“ – онаа со бензински мотор со зафатнина од 2,0 литри и моќност од 192 КС, како и за дизел варијанта, исто така и кај 2.0-литарскиот кој развива 190 КС и 400 Нм. Првиот мотор работи со 6-брзински мануелен менувач или со 8-степен автоматски. За дизелот е предвидена само автоматска трансмисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП