2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.01.2016

Дневен хороскоп 21.01.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Искористете го само своето знаење и бидете истрајни, резултатот нема да изостане. Заработката полека но сигурно ќе пристигне. Преокупирани сте со емотивната врска со лице родено во знакот на Бик. Контролирајте го шеќерот во крвта. Поведете сметка за исхраната.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Стекнатото искуство многу ќе ви помогне во идните работи. Морате да научите помалку да трошите и да штедите за кризни времиња. Некое многу старо пријателство прераснува во сериозна врска. Летаргијата и депресијата се нагласени се повеќе.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува напредување. Новите идеи ќе ви овозможат и добра заработка. На краткиот деловен пат можна е минлива врска. Инаку, емотивниот живот ви е исклучително бурен. Повеќе внимание посветете му на своето здравје. Вие сте хедонист.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете полни со елан, што ќе придонесе за проширување на досегашните дејности и ќе ви обезбеди успех. Материјално, период полн со изненадувања. Емотивно ви е нагласена некоја минлива врска. Целосно сте ја запоставиле вашата здравствена ситуација.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Принудени сте хонорарно да ги обавувате работите. Ако се занимавате со пишување, сметајте на голем успех. Можна е врска со лице кое ви значи многу. Можни се проблеми со грбот, во пределот на вратот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Свесни сте дека морате нешто да промените на деловниот план. Морате да имате повеќе трпение и тоа ќе ви донесе наклонетос од колегите. Сметајте на зголемување на приходите. Емотивно поволен период, дури и ѕвездите се на ваша страна. Здравјето е одлично.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекуваат добри шанси, особено кога станува збор за некои нови работи, кои истовремено ќе ви донесат и голема добивка. Емотивно, и покрај се што се случило и понатака тврдоглаво се држите до старата врска. Имате потреба повеќе да се одмарате, омалаксани сте и уморни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да спречите кавга со еден соработник. Имате добри идеи за работа, но треба да ги реализирате. Потрудете се и добро ќе заработите. Емотивно стабилна ситуација. Приврзани сте за партнерот и семејството. Ви се препорачува систематски преглед.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку претпоставените ви понудат некое ново работно место, прифатете, бидејќи можете да напредувате и добро да заработите. И покрај разните потешкотии кои ве очекуваат, ќе направите добар деловен потег. Емотивно сте врзани за лице со авторитет. Можно е нерасположение.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Долгоочекувана промена е конечно пред вас. Партнерот никако да ги согледа вашите проблеми и да ја прифати ситуацијата во која сте, па тоа може да ве доведе до разделување. Сепак, вие од сето тоа ќе извлечете корист. Сето тоа ве доведува до лоша здравствена ситуација и нервоза.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете да очекувате успех, но морате да научите да го совладате своето его кое е многу важно. Емотивно сте во расчекор и тешко ви е да го направите конечниот избор. Здравјето може да ви биде загрозено со претерана консумација на алкохол.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не верувате во добивката која ве очекува. За се во животот е потребна одлучност, па и за новата љубов. На вас, за промена, ви недостасува храброст, но ѕвездите нагласуваат две паралелни врски. Поведете сметка за начинот на исхрана и побарајте совет од нутриционист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП