18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ петти пат најдобар на Балканот

Ѓоковиќ петти пат најдобар на Балканот

gjoko115

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ петти пат последовно е избран за најдобар спортист на Балканот. Ѓоковиќ за најдобар е избран во традиционалниот избор на Бугарската национална агенција (БТА).

Најдобриот тенисер на светот, освојувач на три Грен слем титули во 2015 година, освои 90 поени и убедливо триумфираше пред грчиот гимнастичар Елефтериос Петруниас, кој изминатата година стана европски и светски првак, односно атлетичарот од БиХ, Амел тука, кој на Светското првенство во Пекинг освои бронзен медал на 800 метри.

Ѓоковиќ се израмни според бројот на наградите со легендарната бугарска атлетичарка Стевка Костадинова, која исто така пет пати била најдобра во изборот на БТА (1985, 1987, 1995, 1996, 1997).

Во гласањето учествувале девет новински агенции од Балканот: АНА-МПД (Грција), Аферпрес (Романија), Анадолија (Турција), Танјуг (Србија), МИНА (Црна Гора), МИА (Македонија), ХИНА (Хрватска), ФЕНА (Босна и Херцеговина) и Албпрес (Албанија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП