8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСамсунг од второстепена компанија до број 1

Самсунг од второстепена компанија до број 1

samsung1

Кога Ли Кун Хи го наследи својот татко на водечката позиција во Самсунг во 1987-та година сакал од оваа компанија да ja направи голема и успешна компанија која ќе биде позната во целиот свет.

Иако шест години од кога ја превземал контролата над Самсунг, компанијата пораснала за дури два ипол пати, сепак Хи сакал тој раст да биде многу поголем, па поради тоа одлучил да замине на турнеи во голем број на земји се со цел од прва рака да дознае како компанијата котира на глобалниот пазар.

Хи не бил задоволен од тоа што го видел, па сериозно се налутил кога во продавниците во САД видел како нивните телевизори собираат прашина на полиците, додека луѓето купуваат уреди на конкурентските компании како Панасоник и Сони.

samsung11

За да ја промени оваа ситуација тој ги повикал директорите на Самсунг од целиот свет на состанок во Франкфурт кој траел три дена и на кој тој ја изнел својата визија за иднината на Самсунг, а тој состанок денеска е познат како Франкфуртска декларација од 1993-та година.

Тој таму ги објаснил сите потези кои треба Самсунг да ги превземе за до 2000-та година по станат уште поуспешна и глобално позната компанија, а најпознат цитат од тој говор бил: Променете се освен жените и децата.

samsung111

Од тој дан започна успонот на Самсунг од второстепена компанија до најголем производител на телевизори и паметни телефони во светот, а говорот кој го оддржал Хи е испечатен во книга со 200 страници која им се дели на сите вработени.

Самсунг денеска е познат како предводник на пазарот на мобилни и паметни телефони, неговите модели Galaxy S2 i S3 освоиле награди како најдобри паметни телефони во 2011-та и 2012-та година, а истиот успех го очекуваат и со новиот  Galaxy S4, но и продажба од 100 милиони единици од овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП