8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLincoln Continental: Враќање на луксузната лимузина (фото+видео)

Lincoln Continental: Враќање на луксузната лимузина (фото+видео)

link conti

Aмерикански „Lincoln“, кој работи како луксузен бренд во рамките на компанијата „Ford“, го одбра саемот за автомобили во Детроит за премиера на новиот „Continental“.

Враќањето на името „Continental“, кое на американскиот автомобилски пазар има традиција долга повеќе од 75 години, најавено е во пролетта 2015-та кога беше претставен истоимениот концепт.

link conti1

Иако во јавноста многу се говореше за тоа дека „Lincoln“ го копирал изгледот од моделот „Flying Spur“ на брендот „Bentley“, поради што се огласи и шефот за дизајн на тој производител, Лук Донкерволке, прототипот остави позитивен впечаток кај љубителите на автомобили.

Една година подоцна, концетот стана сериска верзија, со незначителни стилски промени, а впечатокот е дека новиот „Lincoln Continental“ носи освежување во дизајнот на американските лускусни лимузини.

link conti2

Иако многу производители за време на транзицијата од концепт во продукциски модел без проблеми би се откажале од детали кои го комплицираат и зголемуваат трошоците за производство, „Lincoln“ на пример ги заджа специфичните кваки кои се вешто вклопени во хромираната лајсна под прозорите на вратите.

link conti3

Производителот беше скржав кога станува збор за техничките детали, но откри дека автомобилот добил погон од 3.0 литарскиот би-турбо V6 мотор со 400 коњски сили и максимален вртежен момент од 542 Nm.

Новиот „Continental“ ќе биде достапен и во верзија со погон на сите четири тркала, а за возењето ќе може да се одбере еден од трите понудени режими – „Comfort“, „Normal“ и „Sport“, кои ги менуваат возните карактеристики на автомобилот.

Внатрешноста исто така изобилува со луксузни содржини и детали.

Предните седишта, кои се опремени со систем за греење и ладење, можат да се постават на дури 30 начини, додека средниот дел од задните седишта со преклопување се претвора во продолжение на централна конзола со команди со кои се контролираат климатските услови во задниот дел на кабината.

link conti4

Звучната изолација во внатрешноста е подобрена со употреба на акустично слоевито стакло и активен систем за неутрализација на надворешната бучава.

Новиот „Lincoln Continental“, покрај на американскиот, ќе се продава и на кинескиот пазар, каде овој бренд е присутен од 2014-та, а во продажните салони пристигнува во текот на есента.

Автомобилот ќе се произведува во фабриката „Flat Rock“ во Мичиген.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП