2 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт стигна до скор 36-2

Голден Стејт стигна до скор 36-2

majami gs

Актуелниот шампион Голден Стејт го совлада Мајами со резултат 111:103, по што има вкупен скор од 36:2 и веќе ја достигна половината од рекордните 72 победи на Чикаго со Мајкл Џордан остварени во сезоната 1996/97.

Вориорси до победата ги предводеше најдобриот играч Стеф Кари со 31 поен, а поддршка му дадоа Дрејмонд Грин со 22 поени, 12 скока и 6 асистенции, Клеј Томсон со 17 поени и Херисон Барнс со 12 поени.

Кај Мајами, кој сега има скор 22-16, најдобар беше Двејн Вејд со 20 поени, 7 скока и 11 асистенции, Крис Бош со 15 поени и 12 скока, а Луол Денг додаде 14 поени и 10 скокови.

Вашингтон го совлада Чикаго на гости со 114:100, а во победничкиот тим дури седум играчи имаа двоцифрен скор на поени.

Во третиот синоќешен меч, Сан Антонио рутински на гостински терен славеше протв Бруклин со 106:79, за скор од 33-6.

Најдобар во победничкиот тим беше Ламаркус Олдриџ со 25 поени и 11 скока, Кава Ленард остари 17 поени и осум скока, а двоцифрени беа и Бобан Марјановиќ со 13 поени и Борис Диао со 11 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП