
Денеска со почеток во 19.30, во просториите на Јавна соба, се одржува првата самостојна изложба на фотографии на Александра Стеваноска.


Денеска со почеток во 19.30, во просториите на Јавна соба, се одржува првата самостојна изложба на фотографии на Александра Стеваноска.
Целта на оваа селекција на фотографии е портрет на улични, случајни минувачи, пејсажи и делови од архитектурата. Карактерите на овие фотографии се изолирани и извадени од општествениот контекст. Тие се приказни како “фатени” на дело, “фатени” во нивниот процес на создавање или во нивното битисување. Заедничко на сите фотографии е тоа што укажуваат на нешто препознатливо за нас, а сепак непознато.
Првото изложување на фотографии на Александра Стеваноска во Македонија е под наслов „Познато –непознато“.
По официјалното отворање на изложбата, се одржува коктел – забава со DJ Ѓорѓи Јаневски
Фотографиите се направени во периодот од 2013 до 2015 година, во САД (Њу Јорк, Западниот брег – Сан Франциско, Националните паркови во Калифорија: Поинт Лобос, Њу Порт Бич и Кармел Бич).
Следната изложба на „Познато непознато“ е планирана на пролет во Париз.
Влезот е слободен.