2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Yaris премина во RAV4 (фото)

Toyota Yaris премина во RAV4 (фото)

con vira

„Toyota“ подготвува целосно нов автомобил со зголемена проодност, кој ќе биде прикажан официјално на автомобилскиот саем во Токио. Возилото го носи името „ViRA“, а од компанијата покажаа две негови официјални фотографии.

„Toyota ViRA“ во моментов е концепт кој сепак има сериозни шанси за сериско производство. Причината е дека моделот е позициониран во сегментот на компактни кросовери, кој постојано расте.

Всушност „ViRA“ претставува хечбек со спортски дизајн, две врати и зголемена проодност – нешто помеѓу моделите „ViTZ“ (познат во Европа како „Yaris“) и „RAV4“, а дури и името му е создадено од овие две ознака – „Vi“ од „ViTZ“ и „RA“ од „RAV4“.

con vira 1

Од двете слики не се забележува особена сличност со „RAV4“ или „Yaris“. Веројатно сепак концептот превземал техника токму од нив.

Што се однесува до дизајнот, формите се импресивни, нетипични за умерениот стил на јапонската марка. Силуетата потсетува на машини како „Ferrari FF“, додека предниот дел може да биде споредуван со предницата на суперавтомобилите на „Zenvo“.

Сите детали за „Toyota ViRA“ ќе бидат откриени за време на саемот во Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП