6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСаудиски Aramco највредна светска компанија?

Саудиски Aramco највредна светска компанија?

SaudiAramcoLogo

Саудиска Арабија би можела да продаде удел во државниот нафтен гигант Saudi Aramco, најголемиот светски производител на нафта, со што би можела да настане компанија со најголема пазарна вредност на светот.

Во интервју за Economist, принцот Мохамед бин Салман, втор во редот за наследување на круната на Саудиска Арабија, рече дека се разгледува еден ваков потег и дека одлуката би можела да биде донесена за неколку месеци.

Aramco има резерви на нафта од околу 265 милијарди барели-над 15 отсто од глобалните резерви, а со оглед дека цената на нафтата паѓа, продажбата на дел од компанијата би ги зголемила буџетските приходи на Саудиска Арабија.

Буџетскиот дефицит на државата лани се доближи до 100 милијарди долари поради остриот пад на приходите предизвикан со падот на цената на нафтата во последните 18 месеци.

„Лично сум приврзеник на ваков чекор. Верувам дека тоа е во интерес на саудискиот пазар и Aramco, како и во интерес на поголема транспарентност и спречување на можна корупција“, рече бин Салман.

Не открил колкав удел во компанијата би можел да биде продаден, но аналитичарите проценуваат дека пазарната вредност на целата компанија, кога нејзините акции би се сврстиле на берзата, би можела да надмине 1.000 милијарди долари.

Најголема светска компанија по пазарна вредност со години е Apple, а американскиот технолошки гигант моментно вреди околу 543 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП