21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Коби се збогуваше со фановите во Сакраменто

НБА: Коби се збогуваше со фановите во Сакраменто

kobii 00

Коби Брајант, Демаркус Казинс и Џејмс Харден ја одбележаа ноќта во НБА лигата.

Коби имаше емотивно простување од публиката во Сакраменто, местото каде на почетокот на овој век водеше големи битки против „кралевите“. На почетокот среќна пензија на Коби му посакаа претседателот на кошаркарските операции на Сакраменто, Владе Дивац и поранешната ѕвезда на овој тим Пеѓа Стојаковиќ.

Сакранемто, водеше со 27 поени, но на крајот запиша „тесна“ победа (118:115). Казинс го предводеше Сакраменто со 29 поени, 10 скокови и седум асистенции, а Елис и Геј реализираа по 18 поени. Коби постигна 28 поени (10/18 шут од поле), а поен помалку реализираше Расел.

Сакраменто сега има скор од 15 победи и 21 пораз, додека Лејкерси се на осум победи и 29 порази.

Џејмс Харден постигна 33 поени и го предводеше Хјустон до победата над Јута (103:94). Хјустон на овој меч играше без Двајт Хауард кој сé уште има проблеми со грбот.

Чикаго, против Бостон стигна до шестата победа во низа (101:92), а до неа Биковите ги предводеше Пау Гасол со 17 поени и 18 скокови. Гасол беше инспириран од славниот сонародник, оперскиот пејач Пласидо Доминго кој го следеше мечот од трибините и го одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната. Одличен меч одигра и Џими Батлер кој запиша 19 поени и 10 асистенции.

Атланта, во Филаделфија, убедливо славеше над домаќинот (126:98). Бејзмор со 22 и Хорфорд со 18 поени ја предводеа Атланта до победата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП