Ретки се оние кои внимаваат храната која ја внесуваат во својот организам да не е третирана со пестициди.
Храната која ја внесуваме во организмот не ја ни проверуваме на кој начин е третирана. Ретки се оние кои внимателно бираат состојките кои ќе се најдат во нивната чинија да не бидат третирани со разни хемикалии.
Едно шведско семејство било подложно на експеримент. Тие велат дека купувале само неоргански намирници бидејќи тие се поефтини. А потоа им ја тестирале урината.
Нивото на хемикалии пронајдени во нивната урина било високо. На две недели, неорганската храна ја замениле со органска, а повторното тестирање на урината открило дека нивото на хемикалии во нивните тела значително се намалило.
Тестовите биле спроведувани од страна на Шведскиот институт за истражување на животната средина. Дискутабилно е дали пестицидите пронајдени во урината се штетни, но пристапот „молчење“ кој се негува во јавност за неорганската храна не е здрав.
Затоа, еден шведски синџир за тровија со органска храна сака да поттикне дискусии за влијанието на пестицидите и комбинацијата на различни хемикалии со кои се третираат овошјето, зеленчукот и животните, а кои на крај завршуваат во нашето тело.