6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon се пофали со рекордна празнична сезона

Amazon се пофали со рекордна празнична сезона

magacin amazon

Американскиот технолошки концерн „Amazon“ генерално не дава точни податоци за членовите на својата премиум услуга „Prime“. Но пред Божиќ компанијата успеала да постигне највисок раст во локална база. Аналитичарите велат дека „Prime“ има 47 милиони сметки само во САД.

Во третата недела од декември, Концернот заработил на глобално ниво 3 милиони претплатници кои годишно плаќаат по 99 долари за „Prime“, цена која ветува брзи испораки во споредба со стандардните, а тоа значи во рок од два дена, објави интернет трговецот, цитиран од „Ројтерс“.

За време на божиќната сезона, која „Amazon“ ја дефинира во периодот помеѓу 1-ви ноември и 19-ти декември, преку тарифата „Prime“ биле испратени над 200 милиони пратки, појасни извршниот директор Џеф Безос. Бројот на часови во прегледите во „Prime Video“, пак е двојно зголемен.

Бестселер за компанијата од Сиетл е 7-инчниот таблет „Amazon Fire“. „Fire Kids Edition“ и „Fire HD 6“ исто така се меѓу најпопуларните стоки на „Amazon“. Другите врвни продажби вклучуваат „паметни“ телевизори од „Samsung“ и „Roku“; лаптопи на „Toshiba“; сребрени камери „GoPro Hero4“ и видео игри „Call of Duty: Black Ops III“, „Fallout 4“ и „Star Wars Battlefront“.

Повеќето од клиентите на „Amazon“ претпочитаат да купуваат онлајн, а речиси 70% од претплатниците ја користат оваа услуга преку мобилните уреди. Бројот на членови на „Prime“ во САД, кои ги користеле телефоните за да купат стоки за Божиќ, е двојно поголем на годишна основа.

Онлајн гигантот продал доволно колекции од играта „Jenga“ (кула за рамнотежа), за да таа достигне до врвот на „Empire State Building“ над 70 пати. Компанијата има продадено и доволно 50-инчни телевизори за да се пополни просечната ширина на Големиот Кањон. Пласирани биле и доволно патики за трчање, за да може секој учесник на маратонот во Њујорк, Чикаго и Бостон да добие по три пара. „Amazon“ продал толку фармерки со што може да се пополни јазот помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес (643 км).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП