
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, во вторник, во 19 часот ќе се одржи средба со академик Владо Камбовски.


Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, во вторник, во 19 часот ќе се одржи средба со академик Владо Камбовски.
Во оваа пригода ќе бидат промовирани неговите книги: „Беседи“ и „Коментар на кривичниот законик“, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“.
За делата ќе говорат академик Георги Старделов и проф.д-р Љупчо Арнаудовски.