20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВидиќ од Интер во Милан?

Видиќ од Интер во Милан?

vidic 22

Поранешниот српски репрезентативец Немања Видиќ, во јануари ќе го напушти Интер, а како негова следна дестинација италијанските медиуми го споменува градскиот ривал на ’нероазурите’, Милан.

Coriere Della Sera, објави дека тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ, го сака Видиќ во својот тим за овој со своето искуство да му помогне на 20-годишниот дефанзивец Алесио Ромањоли.

Видиќ, оваа сезона нема ниту еден настап за Интер, откако во летниот преоден рок имаше операција на грбот. Тренерот Роберто Манчини не смета на услугите на поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед поради што двете страни се договорија да го раскинат договорот.

Италијанските медиуми претходно пренесоа дека Видиќ ќе се врати во редовите на Спартак од Москва, чии дрес го носеше во периодот од 2004 до 2006 година. Покрај Спартак сериозен интерес за Видиќ покажува и премиерлигашот Евертон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП