7 јули, 2025
ПочетнаКУЛТУРАЅвездените војни најбрзо до заработка од милијарда долари

Ѕвездените војни најбрзо до заработка од милијарда долари

звездени-војни

Новиот филм од франшизата „Ѕвездени војни“ – Star Wars The Force Awakens, беше добар мамец и за публиката во текот на божикниот викенд, заработувајќи досега повеќе од милијарда американски долари побрзо од кој и да е друг филм во историјата.

Филмот во текот на божикните празници во САД заработил рекордни 153,5 милиони долари. Тоа е воедно и најдобриот втор викенд од прикажувањето на некој филм во историјата.

„Силата се буди“ во САД досега заработила 544,6 милиони, а во целиот свет речиси 1,1 милијарда долари.

Милијарда долари овај филм заработил во првите 12 дена од прикажувањето, додека „Светот Јура“ тоа го постигна за 13 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар