23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai најави нова лимузина со три погонски верзии

Hyundai најави нова лимузина со три погонски верзии

ionik

Корејскиот производител ќе претстави во јануари нов модел од средна класа – „IONIQ“, кој ќе биде достапен со три опции на погонски системи. Купувачите ќе можат да изберат меѓу чисто електрична верзија, бензинско-електричен хибрид и „Plug-In“ хибридна верзија.

Првите официјални цртежи покажуваат дека станува збор за седан со спортска линија, со стилски елементи карактеристични за новата генерација на автомобили на „Hyundai“, како што се издолжените фарови со интегрирани „LED“ дневни светла.

ionik2

Кокпитот е обликуван едноставно и минималистички со централно поставен екран на мултимедијалниот систем.

„Hyundai“ соопшти дека при конструирањето воделе сметка за просторот во внатрешноста да биде што подобро и поефикасно искористен, во однос на надворешните габарити на возилото.

ionik1

Автомобилот е поставен на новата механичка платформа, која овозможува вградување на сите три споменати погонски опции.

„Hyundai IONIQ“ премиера ќе има на домашниот, корејски пазар, во јануари 2016-та, а во Европа се очекува да пристигне на саемот во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП