3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord GT ќе биде претставен на саемот CES во почетокот на 2016-та

Ford GT ќе биде претставен на саемот CES во почетокот на 2016-та

ford gt 330

Од 6-ти до 9-ти јануари следната година ќе се одржи првиот за годината технолошки саем на потрошувачка електроника. На саемот во Лас Вегас, сепак, нема да бидат претставени само традиционалните таблети и паметни телефони.

Таму за првпат корисниците ќе можат да го видат и новиот спортски модел на „Ford – GT“. Автомобилот го заслужи своето место на саемот поради високата технологија која ја има во него.

Тој е изграден од лесни материјали, а за изработката на аеро деталите се користи завидна количина карбонски влакна, а шасијата е создадена од алуминиумска конструкција, со што се намалува значително тежината.

„Ford GT“ е управувано од 3.5 литарски „V6 EcoBoost“ мотор со два турбополначи и моќност од над 600 КС. Моделот ветува дека ќе достигне завидни резултати во однос на брзината токму заради лесното „тело“. Суперавтомобилот ќе е со заден пренос и седумстепена автоматска трансмисија. Производството ќе започне следната година, а од колата ќе бидат произведени помалку од 1000 примероци.

Брзината од нула до 100 км/ч ќе се развива за околу три секунди, а максималната брзина ќе е 320 км/ч. Цената на „Ford GT“ се очекува да стартува од 400.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП