7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот модел открива зошто на Mahindrа и е важен Pininfarina

Новиот модел открива зошто на Mahindrа и е важен Pininfarina

maxi 00

Некаде на средината на декември индискиот производител на автомобили стана мнозински сопственик на познатата италијанска дизајнерска куќа, а изгледот на најновиот модел на „Mahindrа“ покажува дека на оваа компанија добро ќе и дојде помошта од дизајнерите од студиото „Pininfarina“.

„Mahindra“ го претстави моделот „KUV100“ („Kool Utility Vehicle“) кој на индискиот пазар ќе се појави на почетокот од 2016-та. Станува збор за нискобуџетен кросовер, но во се гледа дека дизајнот не е силна страна на овој автомобил.

Со должина под 4 метри, „KUV100“ спаѓа во класата на поткомпактни автомобили. Производителот тврди дека нивната целна група е младата популација во оваа земја.

maxi 01

„Mahindra“ не објави фотографии од внатрешноста, но е соопштено е дека возилото може да превезе 6 лица, во невообичаена конфигурација на седишта 3+3.

За погон се користи новата генерација на трицилиндарски 1,2-литарски мотори. Атмосферскиот бензинец развива 82 ks и 114 Nm, додека турбо дизелот располага со 77 ks и 190 Nm.

Двете верзии се поврзани со петбрзински мануелен менувач, а моќта се пренесува на предните тркала.

maxi 02

Кога станува збор за безбедноста, која кај индиските модели често не е на високо ниво, треба да се напомене дека „KUV100“ има предни воздушни перничиња за возачот и сувозачот, „ABS“, „ESP“ и електронска диструбиција на силата на сопирање.

Кога новата „Mahindra“ во јануари ќе пристигне во продажните салони ширум Индија, главен конкурент ќе и биде уште еден евтин модел – „Renault Kwid“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП