4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus доби нарачка вредна 2,27 милијарди долари од CSA

Airbus доби нарачка вредна 2,27 милијарди долари од CSA

kina erbas 34

„China Southern Airlines Co.“ (CSA), најголемата азиска авиокомпанија по број на авиони, објави договор за купување на 10 авиони од „Airbus“, за да одговори на зголемената побарувачка за патување во најнаселената земја во светот, објави „Bloomberg“.

Нарачката на 10 парчиња од моделот се проценува на 2,27 милијарди долари по каталошки цени, посочи авиопревозникот во порака до берзата во Хонг Конг. Компанијата очекува авионите кои ќе бидат доставени меѓу 2017-та и 2019-та година, да помогнат за 4-процентно зголемување на приходите.

Денешната нарачка е во прилог на 110-те авиони во вредност од 10 милијарди долари кои „CSA“ ги нарача на „Boeing Co.“ во текот на минатата недела. Се поголемото ширење на воздушниот транспорт во Азија ја стимулира продажбата на „Boeing“ и „Airbus“.

Се очекува Кина да го надмине САД како најголем пазар на авиони во светот. Економското проширување на земјата го прави воздушниот транспорт постојано достапен за луѓето, што ги тера авиокомпаниите да купуваат повеќе авиони.

Кина отсекогаш била најголемиот пазар за „A330“ со широк корпус на „Airbus“. Се очекуваше кинеските авиокомпании да направат нови набавки на моделот, особено откако минатата година „Airbus“ изјави дека ќе се развие регионална варијанта на авионот, наменета за кинескиот пазар.

За „Airbus“ ќе ги пополни дупки во производствена линија од подобрени авиони е од клучен интерес. Конкурентската компанија „Boeing“ се соочува со сличен предизвик со најпродаваниот модел „777-300ER“.

Мoделот „А330“ е единствениот авион со широк корпус на „Airbus“, кој е на пат да ја премине границата од 1000 испораки. „Boeing“ веќе го достигна овој праг со неговите модели „767“, „777“ и „747“. „A330“ е првиот модел со широк корпус од кој се продаваат 10 авиони месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП