Ноќта помеѓу средата и четвртокот донесе богата понуда од 13 натпревари во НБА лигата. Индивидуално во центарот на вниманието беше Дирк Новицки, кој го мина Шекил О’Нил на шестото место на вечната листа на најдобри стрелци. Далас на Новицки во драматичен меч, по едно продолжение славеше во Бруклин, додека фаворитите Голден Стејт, Оклахома, Сан Антонио и Кливленд забележаа сигурни победи.
Далас славеше во Бруклин со 119:118, откако Тадеус Јанг на истекот на регуларниот дел постигна тројка за 109:109 и го однесе мечот во дополнителни пет минути. Токму Јанг беше најдобриот играч на Бруклин со 29 поени и 10 скокови, а на спортивната страна најпрецизен беше Џеј Џеј Бареа со 32 поени, најмногу во неговата досегашна кариера.
Дирк Новицки, ги постигна клучните поени на 19 секунди до крајот на продолжението, тој мечот го заврши со 22 поени, со што стигна до бројката од 28.609 поени во својата 18-годишна кариера во НБА лигата.
НБА, резултати: Кливленд-Њујорк 91:84, Индијана-Сакраменто 106:108, Орландо-Хјустон 104:101, Вашингтон-Мемфис 100:91, Шарлот-Бостон 89:102, Бруклин-Далас 118:119, Атланта-Детроит 107:100, Њу Орлеанс-Портланд 115:89, Милвоки-Филаделфија 113:100, Минесота-Сан Антонио 83:108, Феникс-Денвер 96:104, Голден Стејт-Јута 103:85, ЛА Лејкерс-Оклахома 85:120.