„Hyundai“ планира да лансира свој целосно автономен автомобил. Претставник на брендот најави дека во проектот ќе бидат инвестирани околу 10 милијарди долари.
Истражувањата ќе траат околу 5 години, а за таа цел ќе бидат искористени неколку водородни примероци на моделот „Hyundai Tucson Fuel Cell“. Тие ќе бидат тестирани во реални услови, а главна задача ќе биде да се проверат патните карти на кои се потпира навигацискиот систем автомобилите.
Кросоверите на „Hyundai“ ќе бидат опремени со 4 системи, овозможувајќи им самостојно движење без помош на возач. Тие вклучуваат систем за автоматски, како и систем за придвижување во сообраќајниот метеж. Тој ја оценува ситуацијата на патот при брзина до 60 км/ч. Освен тоа возилата се опремени со систем за екстремно сопирање, како и со систем за движење по тесни патишта.
Возилата кои се користат во проектот, се опремени и со систем за кружно набљудување, радари и сензори, систем „GPS“, систем за следење на мртвите зони, интелектуална курс-контрола, ултразвучни сензори и технологија „LiDAR“.
Како што се гледа од името, „Hyundai Tucson Fuel Cell“ работи со водородни клетки. Во моментов корејскиот производител тестира два стандардни кросовери „Tuscon“ (ix35) по патиштата на државата Невада. Претходно компанијата одржа и испитувања во Јужна Кореја, каде што нејзините автономни теренци преминаа над 16.000 км во градски и приградски услови, како и на полигон.