17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОCIES: Најдобриот тим за 2015-та без Суарез, Нејмар, Роналдо

CIES: Најдобриот тим за 2015-та без Суарез, Нејмар, Роналдо

cies 333

Центарот за спортски истражувања (CIES) го објави идеалниот тим за 2015-та година. Се работи за истражување кое се потпира на статистички податоци, односно во анализата можат да влезат фудбалери кои настапуваат во едно од Топ 5 национални првенства и кои одиграле најмалку 2.250 минути (25 натпревари).

Интересно, според анализата на CIES, во идеалниот тим за 2015-та година нема место за Луис Суарез, Роналдо, Нејмар. Центарот за спортски истражувања ги спомена играчите кои не го исполниле условот за да влезат во нивните анализи.

„Без оглед на одличната форма некои играчи не влегоа во изборот, бидејќи не одиграле најмалку 2.250 минути. Тука се мисли на Ибрахимовиќ, Кун Агуеро, Салах, Давид Силва, Хесус Навас, Рамзи, Коларов и други“, стои во соопштението на CIES.

Идеалниот тим на CIES за 2015-та година:

Нојер (Баерн) – Дани Алвес (Барселона), Тијаго Силва (ПСЖ), Кјелини (Јувентус), Начо Монреал (Арсенал) – Гундоган (Дортмунд), Санти Казорла (Арсенал) – Озил (Арсенал), Де Брујне (Ман.Сити), Азар (Челзи) – Меси (Барселона).

Центарот за спортско истражување, исто така, го објави и најдобриот тим на играчи под 23 години:

Кариуз (Мајнц) – Белерин (Арсенал), Умтити (Лион), Варан (Реал), Вендел (Леверкузен) – Толисо (Лион), Погба (Јувентус) – Бернардо Силва (Монако), Баркли (Евертон), Фелипе Андерсон (Лацио) – Дибала (Јувентус).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП