21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAbarth подготвува спортски кросовер (фото)

Abarth подготвува спортски кросовер (фото)

pestotka abarth

Фабричкото ателје на „Fiat“ – „Abarth“, ќе претстави спортски кросовер изграден врз основа на „Fiat 500X“, пишува „Аutocar“.

Неодамна за сличен модел соопштија официјално и од „Abarth“, но сега британското издание прикажува дополнителни информации.

„Abarth 500X“, како најверојатно ќе се вика моделот, ќе има уште во основната опрема систем 4х4. Изборот на трансмисии ќе биде помеѓу 6-брзински мануелен и 6-брзински автоматски со две спојки.

pestotka abarth1

Податоци за моторот во моментот нема, но најверојатно ќе биде избран 1,4-литарскиот „MultiAir II“, кој ќе биде поставен да генерира околу 170 КС. Можно е да биде во прашање и на 1,75-литарски мотор од „Alfa Romeo 4C“ со моќност од 200 КС.

Моделот ќе добие исто така карактеристичен дизајн, уникатна опремена во кабината и голем број механички промени – спортска суспензија, сопирачки и издувниот систем. Независниот дизајнер „X-Tomi“ веќе ја подготви својата визија за идниот автомобил.

pestotka abarth2

Премиерата на „Abarth 500X“ треба да се одржи на крајот на 2016-та или почетокот на 2017-та година.

Колку за посетување, стандардниот „Fiat 500X“, тој беше прикажан на саемот во Париз во 2014-та година. Глобалниот модел е изграден на платформата користена од „Jeep Renegade“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП