5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо инвестира 40 милиони долари во 4 хотели

Кристијано Роналдо инвестира 40 милиони долари во 4 хотели

roni hoteli

Кристијано Роналдо е фудбалска мегаѕвезда, плејбој, модел на долна облека, а веќе и хотелиер.

„Отсекогаш сум сонувал да имам свој хотел“, изјави 30-годишниот Роналдо за „CNBC“ откако објави дека инвестирал над 40 милиони долари во четири хотели на „Pestana Hotel Group“, една од најголемите туристички компании во Португалија.

Хотелите ќе го носат името „CR7“ и ќе се наоѓаат во четири градови поврзани со животот и кариерата на ѕвездата – неговиот роден град Фуншал; Лисабон, каде ја започнува фудбалската кариера; Мадрид поради престојот во Реал и Њујорк, поради неговиот евентуален трансфер во американското првенство.

Првиот хотел ќе се отвори во Фуншал на островот Мадеира во текот на летото на 2016-та година. На крајот на следната година ќе се отвори хотелот во Лисабон, додека третиот хотел се очекува да проработи во Мадрид во 2017-та година.

Роналдо ќе стане акционер во меѓународниот синџир хотели на „Pestana“ со што ја забележува неговата прва инвестиција надвор од светот на модата и спортот.

Инвестицијата од 40 милиони долари нема да влијае особено многу на богаството на Роналдо, кое се проценува на 223 милиони долари, според „Goal.com“. Роналдо исто така изјави дека е убеден дека неговите хотели ќе постигнат успех во индустрија, каде има сериозна конкуренција од страна на „стартап“ компаниите, како „Airbnb“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП