28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку се безбедни новите комби возила? (фото+видео)

Колку се безбедни новите комби возила? (фото+видео)

kombe test

Новата генерација на „MPV“ и лесни комерцијални возила на марките „Peugeot“, „Citroen“ и „Toyota“ освоија максимални пет ѕвезди на „EuroNCAP“ тестовите за безбедност.

Независната организација за испитувања на безбедноста на новите модели на европскиот пазар, тестираше три слични комбиња – „Peugeot Traveller“, „Citroen Spacetourer“ и „Toyotа Proace“.

kombe test 1

Станува збор за модели кои се настанати во соработка со јапонскиот и европскиот производител на автомобили, а во продожните салони ќе пристигнат во 2016-та година.

Возилата делат заедничка механичка платформа, влучувајќи ги и погонските единици, а ќе се произведуваат во „PSA“ фабриката во Валенсиен, Франција.

Секоја од овие три автомобилски марки имаат своја верзија со која меѓусебно се разликуваат пред се по дизајнот и предниот дел на каросеријата.

kombe test 2

Со оглед дека практично станува збор за идентични возила, не е изненадување дека сите три модели добија ист број на ѕвезди на тестот на безбедност – во овој случај 5 од можните 5, но и идентични оценки.

Во областа на безбедноста на возрасните патници забележани се 87%, а за заштита на децата за време на возењето дури 91%.

kombe test 3

Кога станува збор за безбедноста на пешаците, оценката е малку пониска – 64%, додека на полето на електронските системи за асистенција „Peugeot Traveller“, „Citroen Spacetourer“ и „Toyota Proace“ забележаа скор од 78%.

Сите тестирани возила користат 2.0-литарски дизел мотори.

Во продолжение можете да погледнете видео снимка од тестовите кои ги изврши „EuroNCAP“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП