ПочетнаКУЛТУРАПразничен концерт на Македонската филхармонија

Празничен концерт на Македонската филхармонија

makedonskaFilharmonija

Македонската филхармонија ќе одржи празничен концерт „NY vs NY“, кој ќе се одржи во четврток, во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот.

Солист е извонредниот пијанист од Бугарија, Евгени Божанов, со изведба на популарната „Рапсодија во сино“ од Џорџ Гершвин.

Под палката на маестро Борјан Цанев, концертот „NY vs NY“ ќе ги претстави и „Кубанска увертира“ и „Смешно лице“ од Гершвин, „Приказна од Западната страна“ од Бернштајн, „Медли“ од Дјук Елингтон и „Мачка што игра валцер“, „Blue tango“ и „Плинк, Планк, Плунк“ од Лирој Андерсон.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП