20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Fiat Tipo/Aegea ја освои титулата AutoBest 2016

Новиот Fiat Tipo/Aegea ја освои титулата AutoBest 2016

aab

Со изгласувањето на Tipo/Aegea за AutoBest 2016, Fiat стана прв бренд кој во историјата на AutoBest три пати го има освоено ова европско признание. Со вкупно 1.492 бода, Fiat Tipo/Aegea го зграпчи првото место пред Opel Astra за само 7 бода. Hyundai Tucson стигна до третата позиција со 1.145 бода, а Honda HR-V и Mazda CX-3 блиску го следеа во вкупното рангирање.

„Ова беше доста силен натпревар. Гласањето на 26-те члена на AutoBest жирито – за прв пат од цела Европа – беше многу тесно. Предноста на победникот е само неколку бода, што покажува колку добри беа Tipo и Astra. Исто така и останатите финалисти се покажаа исклучително добро, што е чист знак дека денес имаме извонредни производи за европските купувачи“ – рече Илиа Селиктар, претседателот на AutoBest жирито.

„Fiat Tipo/Aegea е ‘The Best Buy Car of Europe in 2016’, односно автомобил со најдобар сооднос на цената и квалитетот во Европа за 2016 година. Новото Tipo семејство беше направено со стратегијата ‘одличен автомобил за ниска цена’ а не како ‘евтин автомобил’. Резултатот е извонреден производ, со сé што му треба на просечниот европски купувач – дизајнот, моторите, забележливиот квалитет, комфорот, прилагодливоста. Tipo е ново изразување на функционалната страна на брендот Fiat и нов предлог на концептот ‘вредност за парите’. Задоволство ми е во име на AutoBest да им честитам на сите луѓе инволвирани во Tipo/Aegea проектот – инженерите, дизајнерите и луѓето кои го произведуваат автомобилот за оваа прекрасна потврда на нивната извонредна работа“ – кажа Дан Варди, основачот и претседавач на AutoBest.

aaa

Со Company Best 2015 е наградена Koç Holding Automotive групата. Датирајќи од 1926 година, Koç групата е водечки конгломерат во Турција. Секогаш еден чекор пред промените, оваа група стана една од најголемите и најуспешни во Турција и регионот, опфаќајќи повеќе од 100 компании, 90.000 вработени и 10.000 дилери, агенции и пост-продажни сервиси. Koç холдингот е единствената турска компанија која се наоѓа на Fortune Global 500 листата. Групата има водечка позиција во автомобилската индустрија, енергијата, финансиите и белата техника. Групата има значајна позиција во турската економија во поглед на приходите, извозот, давачките, пазарната капитализација на акциите на истанбулската берза и вработувањето. Koç групата се фокусира на одржлив и профитабилен раст со доследна лидерска позиција во Турција и регионот, со намери да стане важен играч на светско ниво. Koç Holding Automotive групата во чиј состав делуваат Tofaş, заедничката компанија со Fiat Chrysler Automobiles (FCA), потоа Ford Otosan која е заедничко вложување со Ford Motor Co., TürkTraktör, заедничко вложување со CNH, како и Otokar и Otokoç, е лидер во турскиот автомобилски сектор во поглед на продажбата, извозот и производството. Ги опфаќа марките Ford, Fiat, Alfa Romeo, Lancia, Jeep, Ferrari, Maserati, New Holland и Case.

EcoBest 2015 наградата отиде кај International Council of Clean Transportation (ICCT) за извонредните активности на оваа непрофитна организација посветена на намалувањето на емисиите од возилата. Џон Герман, американскиот претставник на ICCT, го предводеше тимот кој помогна да се откријат реалните емисии на возилата на Volkswagen. ICCT одлучи да се посвети на емисиите на азотни оксиди во САД, каде стандардите се построги. ICCT ги истражува високите NOx емисии од дизел автомобилите од 2013-та, заменувајќи ги стандардните лабораториски тестови со тестови во возење во секојдневни услови, употребувајќи притоа автомобили кои самите ги имаат набавено.

Икуо Маеда, главниот дизајнер на Mazda е добитник на DesignBest 2015 наградата. Раскрстувајќи со денешното ослонување на компјутерски генерираниот дизајн, Икуо Маеда ја зеде Mazda во старата школа. Тој процесот на дизајн кај секој проект го започнува со скулптурирање и на оние кои ги прават моделите од глина им овозможи уште поголемо влијание во насочувањето на стилот на возилото. Превратот започна во 2009 година кога Маеда ги зеде уздите, но токму сега го привлече вниманието со моќниот и впечатлив Kodo дизајнерски јазик кој ги карактеризира најновите модели од гамата на Mazda. Неговата улога во драматичната промена на Mazda е клучна.

aac

Изборот на AutoBest жирито за SmartBest 2015 падна на TomTom Navigation and Traffic. Динамичното наведување на TomTom системите не ги истражува само сите можности за калкулација на рутата, туку ги разгледува и бројните алтернативни коридори меѓу почетната позиција и дестинацијата, нудејќи различен и поефективен начин на собирање на информациите од сообраќајот кои уредот ги анализира. Тој е едноставен, најсигурен навигациски систем досега. Извонредните резултати ги прават разликите во секојдневниот живот на возачите.

Volvo Drive-E моторите го убедија жирито да им ја додели TechnoBest 2015 наградата. Новата генерација на Drive-E погонските групи ги комбинираат силата, ефикасноста и супериорното искуство, но исто така обврзувајќи се кон одржливоста. Со ниска потрошувачка и емисии, на четирицилиндричните мотори им се овозможени перформанси на шест или осумцилиндрични. Со овие погонски групи Volvo покажа една своја нова моќ надвор од традиционалните основни безбедносни вредности.

ManBest и SafetyBest наградите беа објавени после одржувањето на салонот на автомобилите во Франкфурт – нив ги освоија главниот маркетинг директор на Fiat Chrysler Automobiles Оливие Франсоа и IntelliLux LED Matrix светлата на новата Opel Astra.

15-тото издание на AutoBest Awards свеченоста ќе се одржи во февруари идната година во Милано, Италија. Согласно традицијата, AutoBest меѓународното жири ги доделува наградите во различна земја секоја година. Ова ќе биде прва манифестација по европската експанзија на AutoBest жирито, објавена во септември во Франкфурт во пресрет на салонот на автомобилите. Минатата свеченост се одржа во Загреб, Хрватска.

Европското AutoBest жири им се заблагодарува на читателите од цела Европа за поттикнувањето на проектот и на одговорните за контакти со јавноста од автомобилската индустрија за обезбедувањето на целокупната поддршка во организирањето на средбите и тест возењата на новите производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП