23 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗФорд ќе инвестира 4,5 милијарди долари во производство на хибридни и електрични...

Форд ќе инвестира 4,5 милијарди долари во производство на хибридни и електрични возила

doo

Американскиот производител на автомобили „Форд“ има намера да инвестира 4,5 милијарди долари во програма чија цел е во иднина електричните и хибридните возила да сочинуваат 40 отсто од целокупната понуда на оваа компанија на пазарот.

Оваа инвестиција означува раст од 13 отсто во однос на досегашната програма на инвестирање во хибридните и електричните возила.

Со новата програма се предвидува во фабриките на Форд до 2020 година да се развијат 13 различни хибридни и електрични возила.

Покрај програмата за инвестирање, компанијата се пофали и со новиот модел на електричен Форд Фокус, чии батерии по половина час полнење ќе бидат на 80 отсто од капацитетот, што е за два часа побрзо полнење од досегашниот модел.

Кај новиот модел растојанието со едно полнење на батеријата изнесува 161 километар, додека кај стариот изнесуваше 122 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар