7 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗОсновна верзија, а чини 100.000 евра!

Основна верзија, а чини 100.000 евра!

Mercedes-Benz S-Klasse Coupé (C 217) 2015

Ново засилување во семејството на „S-Class Coupe“ покажа германската компанија „Mercedes-Benz“. Моделот го носи името „S400 4MATIC Coupe“ и е најприфатливата верзија на моделот, затоа што има почетна цена од 99.960 евра.

Како што сугерира името, „S400 4MATIC Coupe“ претставува луксузно купе со погон на сите четири тркала. Под хаубата се наоѓа 3.0-литарски V6 мотор со турбо, кој развива 367 КС при 5500-6000 врт/мин. Максималниот вртежен момент од 500 Нм е достапен во широк опсег меѓу 1800 и 4500 врт/мин.

Моторот е поврзан со автоматска трансмисија „7G-TRONIC PLUS“ и систем „4MATIC“ со овозможува спринт од место до 100 км/час за 4,6 секунди. Максималната брзина на движење е ограничена на 250 км/час.

Што се однесува до потрошувачката на гориво, официјалните податоци покажуваат 8,3 л/100 км во мешан режим. Штетните емисии на „CO2“ се 193 g/km.

Во основната опрема на „Mercedes-Benz S400 4MATIC Coupe“ се вклучени адаптивни „LED“ предни светла, климатизација „THERMOTRONIC“ и друго. Исто така се достапни воздушното потпирање „AIRMATIC“, систем за автоматско паркирање, инфо-системот „COMAND“ со пристап до интернет и многу други.

Во Германија цената на „S400 4MATIC Coupe“ започнува од 99.960 евра. Моделот веќе може да се нарача, а првите испораки ќе бидат реализирани во почетокот на 2016-та година.

Новиот „Mercedes-Benz S-Class Coupe“ е достапен и во верзии „S500“, „S500 4MATIC“, „S63“, „S63 4MATIC“ и „S65“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП