3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИАТА: Добивката на авиопревозниците рекордна и во наредната година

ИАТА: Добивката на авиопревозниците рекордна и во наредната година

large_article_im3178_jpg

Глобалната воздухопловна индустрија повторно наредната година ќе забележи рекордна нето добивка, благодарение на ниските цени на горивото и здравата побарувачка за патување, прогнозира Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (ИАТА).

Од ИАТА е соопштено дека нето добивката на авиопревозниците ќе достигне рекордно ниво во 2016 година, од 36,3 милијарди евра, по прогнозираниот профит за оваа година од 33 милијарди долари, што е над претходно проектираните 29,3 милијарди долари, пренесува агенцијата Ројтерс.

Од споменатата сума, повеќе од половината ќе им припадне на авиокомпаниите од Северна Америка, наведува ИАТА, која претставува речиси 260 авиокомпании со удел д 83 проценти во глобалниот воздухопловен сообраќај.

„Ова е добра вест“, изјави генералниот директор на ИАТА, Тони Тајлер, но додаде дека добивката на воздухопловниот сектор е подобро да се опише како „кревка, а не одржлива“.

Побарувачката за патувања доживеа експанзија во 2015 година, благодарение на подобрувањето на состојбата на економиите во светот и ниските цени на горивата, со оглед на 60-процентното намалување на цената на нафтата во однос на највисокото минатогодишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП