10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈапонија домаќин на Светското фудбалско првенство за клубови

Јапонија домаќин на Светското фудбалско првенство за клубови

club world cup

Стадионот во Јокохама во четврток ќе биде местото каде со натпреварот меѓу Хирошима и Оукленд ќе започне Светското фудбалско првенство за клубови. Ова натпреварување ќе се одржува од 10. до 20. декември, а на него ќе учествуваат седум екипи.

Покрај јапонскиот шампион Хирошима и најдобриот тим на Океанија, Оукленд, на Светското првенство за клубови ќе учествуваат европскиот и јужноамериканскиот првак Барселона и Ривер Плејт, односно најдобрите тимови на Северна и Средна Америка, Азија и Африка: мексиканска Америка, Гвангжу Евергранде и ТП Мазембе.

Турнирот ќе започне со мечот меѓу Хирошима и Оукленд (четврток 11:45 часот по средноевропско време), а победникот од овој натпревар во четвртфиналето на 13. декември ќе игра против ТП Мазембе, на стадионот во Осака. Истиот ден, на истиот стадион во второто четвртфинале ќе се сретнат Гвангжу Евергранде и Америка.

Победникот од натпреварот Хирошима/Оукленд-Мазембе, на 16. декември за противник во полуфиналето ќе го има Ривер Плејт, а ден подоцна во второто полуфинале Барселона ќе игра против победникот од натпреварот Гвангжу-Америка.

Финалето е закажано за 20. декември во Јокохама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП