
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс повторно го подобрија сопствениот рекорд за најдобар старт во сезоната, а воедно го соборија рекордот на Њујорк од 1969 година со 13 победи на гостински терен од стартот на првенството.


Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс повторно го подобрија сопствениот рекорд за најдобар старт во сезоната, а воедно го соборија рекордот на Њујорк од 1969 година со 13 победи на гостински терен од стартот на првенството.
Актуелните шампиони, во Индијанаполис, ја забележаа 23-та победа сезонава, откако ја совладаа Индијана со 131:123. Вориорс прашањето на победникот го решија во третата четвртина кога стекнаа предност од 28 поени. Индијана, последната четвртина ја доби до 40:20 и успеа да извлече пристоен пораз.
Клеј Томпсон го предводеше победничкиот тим со 39 поени (10/16 за три поени), седум скокови и шест асистенции. Стеф Кари најдобриот играч во лигата на овој меч имаше учинок од 29 поени, 10 асистенции и седум скокови.
Најефикасни кај Индијана беа Пол Џорџ со 33 поени, осум скокови и шест асистенции и Си Џеј Мајлс со 24 поени.
Бруклин против Хјустон стигна до петтата победа во првенството. Брук Лопез постигна 24, а Бојан Богдановиќ 19 кошеви во триумфот над Хјустон (110:105). Маркус Тортон со 32 поени беше најефикасниот играч на Хјустон.
Орландо славеше во Денвер со 85:74. Никола Вучевиќ оствари ’дабл дабл’ од 18 поени и 13 скокови во триумфот на Орландо, додека Денвер го предводеше Вил Бартон со 23 поени. Орландо има скор од 12 победи и девет порази, а Денвер има шест победи и 14 порази.
Кливленд славеше во дуелот со Портланд (105:100). Леброн Џејмс забележа 33 поени и 10 скокови, а Кевин Лав и Метју Делаведова го следеа со 18, односно 17 поени. На спротивната страна блескаше Демијен Лилард со 33 поени и по шест скокови и асистенции, а Си Џеј Меколум постигна 24 поени.
Кевин Дурент и уште петмина од тимот на Оклахома постигнаа двоцифрен број на поени во убедливиот триумф во Мемфис (125:88). Дурент мечот го заврши со 32 поени и 10 скокови, а Расел Вестврук имаше двоен ефект од 13 поени и дури 16 асистенции.
Сакраменто ја совлада Јута (114:106), Режон Рондо имаше учинок од 17 поени и 13 асистенции, додека Руди Геј и Демаркус Казинс постигнаа по 23 поени.