20 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.12.2015

Дневен хороскоп 08.12.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес очекувајте помал финансиски прилив, но внимавајте на зголемените трошоци. Доколку сте слободни, емотивниот статус ви е сосема недефиниран. Она што вие би го сакале го нема, а она што ви се нуди, воопшто не ви одговара. Личноста што ви се допаѓа може да ви донесе многу болка и затоа е најдобро да се дистанцирате од неа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Работите делуваат многу подобро отколку што се. Бидете внимателни ако планирате да вложувате финансии во некој проект. Партнерските односи ви се нестабилни и време е да поработите на нив. Обземеноста со работата си го зема својот данок и се повеќе се оддалечувате од партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашиот проблем лежи во вашата потреба да ги заштитите пријателите и да ја преземете одговорноста врз себе. Доколку планирате да го смените работното место, бидете внимателни. Воопшто не е време за големи промени. Доколку сте слободни, една личност постојано ви се појавува животот. Веќе сте навикнати на тоа, но сепак се надевате дека некако ќе успеете да ја задржите

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Го давате својот максимум, но како претпоставените да не го забележуваат тоа. Не вознемирувајте се и не дозволувајте колегите да забележат дека се чувствувате онеправдани. Тие едвај чекаат да ве видат на колена. За ваша среќа, ова чувство нема да трае долго и вие во следниот период ќе блеснете во полн сјај. Доколку сте во подолга врска или во брак, денес имате шанса да смените нешто во односите со партнерот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Веќе за ништо друго не размислувате освен за тоа како да ја унапредите работата и да заработите што повеќе пари. Колегите и пријателите не можат да ве препознаат. Понекогаш се прашуваат каде отиде онаа личност што сонуваше нешто друго, а не за пари и за успех. Партнерот, исто така, не се снаоѓа во новата улога што ја имате. Едноставно не може да ве препознае.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Искористете ја среќата што ви се нуди и зголемете го домашниот буџет. Единствено лошо во ова е зголемената самодоверба и илузијата дека се е вечно. Внимавајте со трошоците и не дозволувајте зголемените финансии да се претворат во зголемени трошоци. Опуштете се и не анализирајте ја премногу саканата личност.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Исполнети сте со работа, но и финансиите ви растат пропорционално со зголемувањето на обемот на работата. Горди сте на себе и со право не дозволувате никој да ви приговори. Денес е можно да отидете на службен пат. Договорот што ќе го склучите ќе биде многу успешен и долгорочен. Партнерот полека се освестува и почнува да ви ги признава заслугите во врска со напредокот на домот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Одите од забава на забава и постојано сте во контакт со голема група на луѓе. Но, вие сте тип на човек кој сака да го привлече вниманието на опкружувањето. Доколку сте сами, можно е на некоја забава да запознаете една личност која со својата појава ќе отскокнува од останатите.Ова е среќен период за вас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Проблемите што ги имавте се зад вас и се повеќе сте отворени за нови предизвици. Доколку барате работа преку пријатели, денес ќе добиете добра вест. Истото се однесува и на оние кои работат во некоја невладина организација. Вратите полека ви се отвораат, а вие само треба да ги искористите шансите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сакате оаза каде што вашиот хедонизам ќе дојде до израз. Доколку се занимавате со некој бизнис од светот на забавата, очекувајте зголемување на работата. Денес е можен план во врска со некои идни чекори. Се што ќе смислите ќе ви донесе успех. Партнерот не ви е од голема помош. Тој се обидува да ви наметне брзи и амбициозни идеи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку работите со странство или со странци, ви претстои многу успешна соработка. Заедно со зголемувањето на работата ви расте и самодовербата и повторно се враќате во форма. Бидете претпазливи и не избрзувајте со егоистични изјави. Работите можат да се сменат преку ноќ и да се почувствувате поразени.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Чувството дека се можете да направите и дека сте недопирливи, се повеќе ќе биде присутно во наредниот период. Вие сте навистина вредни и никој не мисли поинаку, но не претерувајте со фалбите. Внимавајте на апетитот. Јупитер, освен успеси, носи и зголемен број на килограми. Однесувањето на партнерот ве збунува и тоа може да ве натера да побарате љубов на друго место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП