21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren го покажа најмоќниот роудстер (фото+видео)

McLaren го покажа најмоќниот роудстер (фото+видео)

kab mclaren 00

„McLaren“ ја претстави отворената модификација на суперавтомобилот „675LT“ која го има добиено додатокот „Spider“ кон името. Ова е најмоќниот кабриолет во историјата на британската марка.

Како и каросериската верзија, така и родстерот е опремен со 3,8-литарски твин-турбо мотор, кој има добиено 50% нови компоненти. Инженерите на брендот му поставиле нови турбополначи и издувнен систем од титаниум. Моторот кој работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач, развива 675 КС и 700 Nm вртежен момент.

kab mclaren 01

Забрзувањето на возилото од 0 до 100 км/ч трае 2,9 секунди, а за постигнување на 200 км/ч се потребни 8,1 секунди (ова е за 0,2 секунди послабо од другата верзија). Максималната брзина на роудстерот е 326 км/ч (кај каросеријата таа е 330 км/ч).

Тежината на „McLaren 675LT Spider“ е 1270 килограми, или за 100 килограми помалку од стандардниот автомобил. Ова е постигнато благодарение на употребата на карбонски компоненти во каросеријата, укината е и климатизацијата. Сепак, таа може да биде поставена, ако клиентот сака, но со тоа ќе се додаде 16 килограми кон тежината на автомобилот.

kab mclaren 02

Во исто време роудстерот е за 40 килограми потежок од стандардниот 675LT, а тоа се должи на тврдиот покрив. Неговото поставување или симнување може да се врши при брзина до 30 км/ч.

kab mclaren 03

Во стандардната опрема на возилото се вклучени спортска суспензија со тврди пружини, алуминиумски бандажи со гуми „Pirelli P Zero Corsa“, а исто така и карбон-керамички сопирачки механизми.

kab mclaren 04

„McLaren 675LT Spider“ ќе излезе во ограничен тираж од 500 примероци, а цената на секој од нив ќе стартува од 285.450 фунти (431.000 евра). Првите автомобили ќе бидат на располагање на сопствениците во текот на летото на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП