28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota го продаде својот милионити хибрид во Европа

Toyota го продаде својот милионити хибрид во Европа

Toyota-1-million-hybrid-1024x683 (1)

Јапонскиот производител „Toyota“ продаде 1 милион хибридни возила во Европа. Јубилејниот автомобил е „Auris“, купен од клиент во Германија, се пофалија од компанијата.

Најсреќниот сопственик на возилото е Виктор Дугоникс, кој беше пријатно изненаден во германското претставништво на „Toyota“. При приемот на возилото, на сопругата на Дугоникс и беше предложен уште еден „Auris Hybrid“ кој таа ќе го користи 1 година бесплатно.

„„Auris“ е најдобар доказ за успехот на „Toyota“ кај хибридните автомобили. Повеќе од половина од сите продажби на моделот во Западна Европа се со хибридни мотори и интересот за нив продолжува да расте“, изјави претседателот на германската филијала на „Toyota“, Том Фукс.

Toyota-1-million-hybrid-1024x683

Почнувајќи од 1997-ма година, кога се појави првиот „Prius“, компаниите „Toyota“ и „Lexus“ продале повеќе од 8 милиони хибридни возила. Во моментов моделите со такви агрегати во Европа претставуваат околу 23% од вкупните годишни продажби на јапонскиот производител.

На Стариот континент Јапонците нудат вкупно 14 хибридни модели, а во „Toyota“ сметаат дека нивната бројка ќе биде зголемена. Во јануари ќе стартува продажбата на серискиот „RAV-4 Hybrid“, а целта е во 2020-та година сите модели на брендот да имаат хибридни верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП