8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДетокс лимонада: Совршен напиток од лимон, ѓумбир и каранфилче

Детокс лимонада: Совршен напиток од лимон, ѓумбир и каранфилче

images-2015-12-limunada_382876272

Лимонот е одличен алкализатор. Тој ја балансира pH вредноста во организмот и му помага на телото да се ослободи од токсини.

Со оглед на тоа дека во тек е сезоната на слави, а наскоро ни се ближат и празниците и висококалоричните оброци, одлично време е да делувате уште сега.

Во тоа ќе ви помогне овој напиток од лимон со чија помош ќе заборавите на симптомите на настинка, замор и слабост.

Овој напиток консумирајте го по ручекот, како дигестив, или започнете го денот со овој прекрасен напиток со цел да го пробудите вашиот имунолошки систем.

Состојки:

– сок од еден лимон

– 1 мала лажица мед

– прстофат каранфилче

– прстофат ѓумбир

– 1 шолја врела вода

– кришки лимон за сервирање

Подготовка:

Во една шолја измешајте сок од лимон, мед, каранфилче и ѓумбир. Состојките прелијте ги со врела вода и помешајте ги. На врвот ставете ги кришките лимон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП