4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРено се враќа во Формула 1

Рено се враќа во Формула 1

reno-zolto

Рено, од наредната сезона, се враќа во шампионатот на Формула 1, во конкуренција на конструктори. Автомобилскиот гигант, кој во тандем со Ред Бул пет години доминираше во Формула 1, ќе го преземе тимот на Лотус.

Рено низ историјата има освоено четири шампионски титули во Формула 1, две со Бенетон му донесе Михаел Шумахер (1994, 1995), а другите две Фернандо Алонсо (2005, 2006).

Инаку, Рено, кон крајот на 2009 година на Грен капитал му ги продаде правата за учество во шампионатот и ја напушти Формула 1 како конструктор, но остана во првенството како производител на мотори.

Рено со Ред Бул доминираше во Формула 1 од 2010 до 2013 година, но минатата година двете компании имаа големи несогласувања откако Ред Бул беше далеку од конкурентот Мерцедес.

Договорот помеѓу Ред Бул и Рено требаше да важи и за наредната натпреварувачка сезона, но на барање на Ред Бул тој заврши летово.

Ред Бул се обиде да постигне договор со Мерцедес, Хонда и Ферари, но откако доби негативен одговор ќе мора да ги користи моторите на Рено и во наредната сезона, но не како партнер, туку како обичен клиент.

Првите неколку месеци Рено ќе соработува со тимот на Лотус за полесно да го мине периодот на превземање.

Новиот договор со Формула 1 и Рено важи до 2024 година, а наредната сезона возачката постава ќе ја сочинуваат Пастор Малдонадо и Џулион Палмер, кој сезонава беше тест возач на Лотус. Шеф на тимот би требало да биде Фредерик Вазер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП