27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLenovo го купува мобилниот одел на NEC

Lenovo го купува мобилниот одел на NEC

lenovo-nec-logos

Кинескиот производител „Lenovo“ е во преговори со јапонската компанија „NEC“ во врска со купувањето на нејзината мобилна дивизија.

Се шпекулира дека „NEC“ преговара и со некои потенцијални купувачи од Јапонија, сепак „Lenovo“ е логичен избор, поради тоа што овие две компании во 2011-та година формираа заедничка компанија „Lenovo NEC Holdings“.

Од „NEC“ потврдија дека во последните две години работат со загуба, па поради тоа компанијата бара начин како да ја зголеми својата профитабилност, но се уште не е конечно одлучено какви чекори ќе се превземат. Претставниците на „Lenovo“ несакаа да ги коментираат овие информации кои процурија во јавноста.

„NEC“ на домашниот пазар има учество околу шест проценти, а минатата година компанијата беше приморана да отпушти дури 10.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП