27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБогата понуда за Манчини од Монако

Богата понуда за Манчини од Монако

mancini

Рускиот сопственик на Монако, Димитри Риболовљев на Роберто Манчини му нуди 60 милиони евра за да ја води екипата во следните три години.

Риболовљев е меѓу најбогатите 100 луѓе во светот. Русинот е сопственик на Монако и по неговото доаѓање успеа да го донесе клубот на чекор до враќање во првата лига.

„Сакам Монако веќе следната година да биде меѓу најдобрите. Клубот мора во скоро време да се врати и во Лигата на шампионите“, изјави рускиот милијардер.

Сега на клупата на клубот од кнежеството седи Клаудио Раниери, но веќе во јуни на негово место би можел да дојде Манчини.

Сопственикот на Монако е подготвен на Манчини да му понуди тригодишен договор со годишна плата поголема од 20 милиони евра. Се очекува Манчини на крајот од сезоната да си замине од Сити, па покрај ваквата понуда тој најверојатно нема долго време да биде без работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП