14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКасулидис: Кипар не ја чувствува европската солидарност во однесувањето на Еврогрупата

Касулидис: Кипар не ја чувствува европската солидарност во однесувањето на Еврогрупата

IoannisKasoulides

Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис упати критика на условите под кои ќе биде дадена финансиската помош на земјата, истакнувајќи во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека Кипар не ја чувствува европската солидарност во однесувањето на Еврогрупата.

Касулидис нагласи дека Кипар треба да обезбеди 5,8 милијарди сопствени средства за спас на земјата од банкрот. Според него германските данични обврзници забораваат дека тие своите пари дадени за помош на проблематичните земји од еврозоната ќе ги добијат назад со камата, додека милијардите за надминување на кризата, исто така, служат и за зачувување на пазарите на германските производи, внатре во ЕУ.

Сепак, кипарскиот министер отворено кажа дека не знае да даде одговор на прашањето како подобро да се реши ситуацијата во земјата.

За време на преговорите со „тројката“ меѓународни кредитори, Кипар за многу малку не донесе одлука за излез од еврозоната, призна Касулидис. – Тоа беше една од можните опции што ние сериозно требаше да ја земеме предвид, нагласи кипарскиот министер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП