26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка АД Скопје го одржа своето редовно Годишно собрание

Комерцијална банка АД Скопје го одржа своето редовно Годишно собрание

komercijalna-banka

Денес, 27.03.2013 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2012 година со бруто-добивка во износ од 567,9 милиони денари. По пресметување на данокот на непризнаени расходи од 5,8 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 562,1 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 562,1 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 10% од номиналната вредност на акцијата. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 314 милиони денари, да се издвои во резерви.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и Годишната сметка на Банката за 2012 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2013 година, Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза, а донесени се и Одлуки за промена на седиштето на Банката и за измена на Статутот на Банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП