27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOracle го превзема Tekelec

Oracle го превзема Tekelec

oracle

„Oracle“ објави дека склучиле договор за превземање на компанијата „Tekelec“, која е специјализирана за решанија поврзани со телекомуникациската сигнализација, управување со податоците на претплатниците и разни други информации и услуги важни за телекомуникациските оператори.

Софтверот на „Tekelec“ го користат 300 даватели на комуникациските услуги во повеќе од 100 земји, а во „Oracle“ веруваат дека овие решенија ќе ја поттикнат нивната понуда во составот за поддршка, платформата за испорака на услуги и работните состави. Се очекува „Oracle“, компанијата „Tekelec“ да ја спои со одделението во кое ќе влезе и компанијата „Acme Packet“ за која во февруари потпишаа договор за превземање вреден 2.1 милијарди долари.

Финансиските и другите детали поврзани со договорот не беа објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП