26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor's го намали рејтингот на Кипар

Standard & Poor’s го намали рејтингот на Кипар

standard1

Агенцијата „Standard & Poor’s“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар за едно ниво, на „CCC“, наведувајќи ги како причина актуелните проблеми во кипарскиот банкарски сектор.

Кипарскиот рејтинг во четвртокот е намален од „CCC+“ на „CCC“, со негативна прогноза.

Никозија се обидува во краток рок, до понеделник, да формулира план за решавање на кризата кој ќе биде прифатлив за Европската унија.

Договорот е можен, истакнуваат од агенцијата,  додавајќи дека со оглед на се посилните притисоци на економската и финансиска стабилност, условите на било кој план веројатно ќе бидат непопуларни и дека најверојатно ќе биде тешко да се спроведат на дело во контекст на силен, долготраен пад на економските активности и привремено затворените банки.

„Затоа сметаме дека се зголемува ризикот дека државата нема да може уредно да ги сервисира своите финансиски обврски, заклучуваат од „Standard & Poor’s“.

Во сопштението оценуваат дека ниту кипарската влади, ниту акционерите во кипарските банки, не се способни да ги решат проблемите на банките.

„Со оглед на отсуството на странски приватни или службени капитални инјекции, сметаме дека се ограничени можностите за докапитализација на проблематичниот дел од системот, со исклучок на конвертирање на побарувањата на банките, вклучувајќи и депозити, во сопственичкиот капитал”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП