26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.08.2015

Дневен хороскоп 31.08.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Успехот на работа би можел да ве натера да заборавите на некои планови, идеали и соништа. Сепак, за некои работи вреди да се борите, затоа одберете го она што нема да можете да го одложите и одржете го зборот. Останете доследни, како вистински Овен.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ставете го акцентот на семејството, љубовта и на сето она што ви причинува задоволство. Свесни сте за сопствените способности и се однесувате како ништо да не може да ве изненади. Можеби инаетот е причина за несогласување со луѓето.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви се случиле прекрасни промени кои навистина ве направиле среќни. Можеби во таа состојба лежи причината за вашето романтично расположение и пресврт во личната судбина. Зрачите со оптимизам и привлекувате исклучиво позитивни случувања и луѓе.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина. Би било добро да ги избегнувате работите поврзани со комуникации, не очекувајте ништо од претпоставените нити од колегите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе планирате некакво патување. Бидејќи се работи за нешто што е многу привлечно и убаво, прекрасно ќе се чувствувате. Ќе бидете незадоволни со своето знаење, па многу од вас ќе планираат некое усовршување. Моменатално сте многу превртливи и често се менувате. Обидете се да ја воочите оваа слабост, а потоа и контролирајте ја.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ако сакате да постигнете резултати во тоа што го работите најмногу ќе ви користи упорната работа и добрата организација на работните задачи. Личностите кои ве опкружуваат имаат сопствени интереси и не ви се наклонети. Љубовниот живот ви е стабилен и хармоничен. Разговарајте со партнерот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не располагате со многу енергија, и доста сте нервозни. За подолгорочните планови не размислувајте подобро е да се занимавате само со моменталната состојба, настојувајќи во најголема мера да искористите се што е во неа добро. Сентименталните односи ви се подобруваат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денеска ќе бидете подготвени за тимска работа и едноставно се ќе ви оди од рака. Потрудете се да бидете повеќе отворени со вашиот партнер и да разговарате за вашите проблеми. Шетајте и забавувајте се повеќе.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни цел ден, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Денес е ден за забава, заборавете на се друго.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Нервозата моментално е нагласена. Причина за напнатост и имате и немате. Долго време прикривавте нешто од блиските и соработниците, па сега сакате да ја исправите грешката. Мора да бидете трпеливи и чекор по чекор да ги решавате проблемите. Почнете да водите здрав начин на живеење.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените и колегите. Околината нама да биде многу задоволна со вас и може да ви подготви непријатни изненадувања. Во амбициозните планови и работи ќе имате успех иако не е најдобар момент да ги остварите. Сентиментаклните односи ви се доста напнати а вие ќе се чуствувате осамено.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се наоѓате во доста незгодна ситуација на работното место. Никој во моментот не може да ви помогне ако не се потрудите сами. Намалете ги работните задачи и не се нервирајте за се што се случува оклу вас. Во љубовната врска ќе имате мала криза, бидејќи доста сте затворени во себе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП