26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога тремата убива: Корисен трик пред важен настан

Кога тремата убива: Корисен трик пред важен настан

trema1

Од важниот состанок, интервју, презентација, предавање, настап или конференција ве делат само 5 минути.

Вашите дланки се потат, треперите или сте го заборавиле текстот?

Постои мал трик кој ќе ви помогне за 5 минути да се нормализирате.

Започнете на глас да говорите за настанот, како тој веќе да поминал и како се да поминало подобро од очекуваното, сте ја добиле работата, сте успеале, одлично сте презентирале, сте добиле поддршка од сите и аплаузот бил фантастичен.

Според зборовите на психологот Кајли Сиз говорот е „визуелизација на стероиди“. Додека зборувате како успешно сте поминале, вашиот мозок ги собира сите податоци, ги внесува во вашето тело и му потврдува дека повеќе нема причина за стрес.

„Кризата помина. Одлично поминавме!“, е она што вашиот мозок го меморира.

Со ваквата вежба пред некој важен настан, вие го доведувате вашето тело и мозок во сигурна ситуација каде што не постои ризикот, му претставувате слика дека се е одлично и му влевате самодоверба, стресот сам заминува, а вие сте подготвени за настанот. Речиси педесет проценти од личностите по оваа вежба и самите се сигурни дека состанокот или настанот ќе помине онака како што претходно го претставиле – прекрасно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП