27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбите во Кипар имаат преку осум милијарди евра!

Србите во Кипар имаат преку осум милијарди евра!

Kipranin podigao novac iz banke

Граѓаните на Кипар почнаа масовно да ги подигаат своите штедни влогови, бидејки до четврток сите банки ќе бидат затворени.

Србите таму чуваат преку осум милијарди евра.

Сеуште не се знае дали Законодавниот Дом во Србија ќе донесе закон за оданочување на депозитите со стапка од 6.75% до 100.000 евра и 9,9% за депозити над 100.000 евра.

Секретарот на Здружението на банки во Србија, Верољуб Дугалиќ, вели дека Србија треба да им помогне на оние граѓани кои ќе објаснат од каде им се парите и зошто ги чуваат парите во кипарските банки, бидејки тоа е противзаконски.

Според Законот за девизно работење, граѓаните на Србија не можат да отвараат сметки во странски земји, ниту пак да ги штедат во некои европски земји. Народната банка на Србија не води статистика за ова, бидејки нема увид во нелегалните текови.

Во Управата за спречување на перење пари се вели дека контрола може да се прави само во државата каде се наоѓаат сметките.

Што мислите, колку пари се одлеани во кипарските банки од нашата држава?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП