26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple и Microsoft лидери според приходите

Apple и Microsoft лидери според приходите

money_bubble

Во изевштаите кои се поврзани со американските не-финансиски компнии, а се смета износот заработен во минатата година, „Apple“ има убедлива предност, но во „врат му дише“ „Microsoft“, кој се позиционираше на второто место пред „Google“.

Минатата година, приходите на „Apple“ порасна за 40 проценти, а помалку успешен беше „Microsoft“ чии приходи скокна на 32 проценти. Ова им помогна на не-финансиски фирми да остварат раст од 10 проценти или приходи од 1.45 билијарди долари.

Од оваа сума, „Apple“ има заработено 137 милијарди, второрангираниот „Microsoft“ има 68.3 милијарди, 48 милијарди долари се на сметката на „Google“, „Cisco Systems“ има 46.4 милијарди и така натаму. Интересно, е што Џенерал моторс и Форд се на осмото и десеттото место  се единствените неинформатички компании во првите десет.

Сепак овие бројки не ги прават среќни даночните власти во САД, затоа што се претпоставува дека 58 проценти или 840 милијарди долари се заработени во странските филијали и никогаш нема да дојдат до американското копно, а со тоа нема да им се наплати данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП