27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити дава 70 милиони за Кавани

Сити дава 70 милиони за Кавани

edinson cavani 2

Загубената титула на десет кола пред крајот од сезоната и раната елиминација од Лигата на шампионите, повторно ќе го одврзат ќесето на богатиот сопственик на Манчестер Сити.

Роберто Манчини доколку остане на клупата на „граѓаните“ ќе сака во своите редови да го доведе еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Уругваецот Едисон Кавани.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис претходно истакна дека има намера својата ѕвезда да ја продаде само за 70 милиони евра, за кои се чини дека шеиците се подготвени да ги платат.

„Ако некоја будала е подготвена да издвои 70 милиони евра за Кавани, ние сме подготвени да прифатиме. Меѓутоа конечната одлука ја оставаме на Кавани“, изјавил Де Лаурентис.

Сити во текот на летото ќе ја реконструира веќе прескапата екипа, па така Един Џеко со сигурност ќе се замине, а слична е судбината и со Карлос Тевез. Според некои медиуми „сините“ од Манчестер повеќе не сметаат на Самир Насри, Герет Бери, Џолеон Лескот и на Александар Коларов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП