27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФудбалските репрезентативци први ќе ја користат новата мобилна апликација на Стопанска банка

Фудбалските репрезентативци први ќе ја користат новата мобилна апликација на Стопанска банка

20130318-192937.jpg

Стопанска банка Скопје ја презентираше подобрената m-banking мобилна апликација со која 24 часа на ден, седум дена во неделата можат да се прават сите видови плаќања преку мобилен телефон без да се оди во банка и без никаков надомест. Аликацијата први ќе можат да ја користат членовите на Македонската фудбалска репрезентација.

Како што информираше главниот извршен директор на банката, Глигор Бишев на денешната прес-конфернција, апликацијата е лансирана на крајот на минатата година, а од 1 април годинава преку неа ќе може да се врши плаќање во земјава и во странство.

– Банкарското работење и фудбалот имаат многу заеднички карактеристики. Тоа се тимската игра, постојано да се игра квалитетно за да има задоволни навивачи и потрошувачи, да бидат иновативни и да имаат поддршка. Тоа беа основните причини зошто Стопанска банка на крајот на 2012 година се одлучи да станеме еден од поддржувачите на Фудбалската федерација на Македонија и националниот фудбалски тим, рече Бишев.

Со мобилната апликација клиентите на Стопанска банка преку своите паметни мобилни телефони имаат можност во секое време брзо, лесно и безбедно да се информираат за сите банкарски услуги, да ги вршат сите видови плаќања, да имаат увид во сопствените сметки, да ја дознаат локацијата на сите филијали и најблискиот банкомат, целата мрежа на трговци каде може да се купува на рати, да ја прегледаат курсната листа, да имаат пристап на калкулатор на кој можат да ги пресметаат своите месечни рати, како и да се информираат за сите производи кои ги нуди Банката.

Селекторот на фудбалската репрезентација Чедомир Јаневски истакна дека му претставува задоволство што Стопанска банка застана позади фудбалот и што токму фудбалерите се први кои ќе можат да ја користат подобрената апликација.

– Преку неа не само што ќе можеме да ги следиме нашите дневни сметки, туку ќе можеме да вршиме и трансакции кога и каде да сме, рече Јаневски.

Од името на репрезентативците за поддршката се заблагодарија Ванчо Шиков и Агим Ибраими, кои ветија многу победи и радости во претстојната година и нагласија дека се нестрпливи за да ги откријат можностите што ги нуди новата апликација.

Стопанска банка денеска на сите македонски репрезентативни и на членовите на стручниот штаб им додели и по една MasterCard дебитна картичка со износ од 500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП